-->
-->
Се огласила порно ѕвездата на Трамп за која зборува целиот свет: Кажала сè без да изговори ниеден збор
-->
Порно ѕвездата за која се тврди дека имала полови односи со Доналд Трамп, на познатото "ток-шоу" на необичен начин ги коментирала тие тврдења, без да даде ниеден одговор.
Водителот на шоуто, Џими Кимел, ја интервјуирал порно актерката Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, за да ја праша за нејзината наводна врска која ја имала со сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, во 2006. година. Но, Даниелс избегнувала да даде конкретни одговори, пишува "CNN".
Различни потписи
Се појавиле наводи дека адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, на Клифорд и исплатил 130.000 долари за да молчи за наводните полови односи со Трамп. Коен, Клифорд и Белата куќа ги демантирале тие наводи.
Кимел го започнал интервјуто зборувајќи и на Даниелс дека имал "многу јасна идеја" за тоа што сакал да ја праша, но дека потоа го видел писмото во кое се демантираат наводите за односите, кое наводно го потпишала во вторникот. Водителот рекол дека потписот во писмото не изгледа исто како и претходните потписи и автограмите на порно актерката. Потоа ја прашал дали таа навистина го потпишала писмото.
"Не знам, сум го потпишала ли?", рекла Даниелс. "Баш и не изгледа како мојот потпис, зар не?".
Кимел потоа ја прашал дали писмото е пратено без нејзина дозвола, и дали знае од каде дошло. "Не знам", одговорила Даниелс. "Дошло од интернет".
Се обидел и со кукли
Кимел потоа се обидел да ја натера Даниелс да признае дека го потпишала договорот за неоткривање на фактите, велејќи дека ако не потпишала, сигурно ќе можела да му каже - "не сум потпишала таков договор".
Даниелс само се насмеала и рекла - "Многу си паметен Џими".
И покрај тоа што порно актерката не му кажала ништо на Кимел, тој упорно се обидувал на сите начини да извлече било што од неа. Тоа вклучувало и кукли кои зборуваат и изгледаат како Трамп и Даниелс.
"Роналд Рамп"
"Сега ќе си играме "Никогаш не сум"", рекол Кимел. "Ќе ти поставам неколку прашања за разни работи“. Таа брзо рекла дека тоа изгледа како епизода од "Закон и ред". Но, Даниелс не играла во склад со правилата, и избегнувала да одговори.
Кимел потоа уште еднаш се обидел да ја натера Даниелс да го признае својот однос со Трамп. "Сторми, уште една работа за крај", рекол Кимел на крајот на интервјуто. "Дали некогаш си водела љубов со некој чие име се римува со Роналд Рамп?"
Даниелс се насмеала и му рекла: "Ке те нарекувам како сакаш бејби".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата