Се одржа Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења“
Низ стихови и песна, со елегични зборови и звуците на кавалот пред платото на локалната установа Градски музеј Крива Паланка синоќа се одржа третата меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења“.
- И годинава понудивме шеесетина минути во кои се слави поезијата, прнесувајќи ги емоциите од авторите од градот, членови на литературниот клуб Калин при градската библиотека „Кочо Рацин“, на поетите од соседните општини, но и на гостите од литературните клубови од Ќустендил, Бугарија и Вршац, Србија. Авторите читаа песни по сопствен избор, а публиката уживаше во убавата атмосфера бидејќи учесниците веќе изградија трајни пријателства благодарение на заедничкиот јазик на поезијата, рече Александар Рангелов, директор на Националната установа Центар за култура - Крива Паланка.
Учествуваа дванаесет искусни поети, етаблирани во меѓународни рамки, но и поети во подем.
- Манифестацијата прераснува во традиција која секогаш отвора врати за убавото, а ние оставаме простор и за млади поети кои ги прават првите обиди во стихотворење и експресија на душевниот трепет и немир, со цел да се мотивираат за творење и себедокажување, потенцира Рангелов.
Претседателот на „Вршачки книжевен клуб“, Слободан Џекиќ, истакна дека според него границите на поранешните ЈУ-држави не постојат, а тие не се чувствуваат како гости тука, благодарение на срдечноста на организторите.
- Јас секогаш на драго срце се навраќам овде, среќаваме драги луѓе, ја славиме поезијата и ги величаме талентите со перо. Многу ваши автори, Кривопаланчани се веќе застапени во Меѓународнито зборник песни кој нашиот клуб редовно го публикува, рече Џекиќ.
Поетскотот читање е дел од годинашната програма „Топол културен бран" во организација на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Националната установа „Центар за култура“ Крива Паланка, поддржана од Министерството за култура на РМ.
Ново на Сител
-
ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
-
Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено
-
СДСМ: Новогодишната кошничка се покажа целосно промашена
-
Илире Даути си поднесе оставка
-
Од утре стабилно време со позитивни дневни температури
-
Пешак тешко повреден во сообраќајка во близина на трговската зона во Струга
-
Приведен криминалец баран со потерница