Македонија
13. July 2020 - 16:40

Се одрони фасада на зграда во Скопје - среќа е што пред комплексот немало деца

Жешкото време беше среќна околност што децата не играа на своето вообичаено место, каде вчера се сруши дел од фасада на станбена зграда во скопско Тафталиџе.
Жителите велат дека местото е фрекфентно и чиста среќа е што во моментот таму немало никој. Но, се прашуваат како може да се одрони фасада од зграда стара само 9 години.

Стапивме во контакт со инвеститорот и изведувачот на зградата. Тие тврдат дека се применети сите стандарди за градба и иако немаат обврска, ќе ја санираат штетата до крајот на неделава. Велат дека прв пат се соочуваат со ваков проблем и сè уште не ја знаат причината зошто се одронила фасадата. Претпоставуваат дека била разјадена од претходно навлезена вода меѓу стиропорот и бетонскиот ѕид, а потоа ветрот само дополнително помогнал да се откорне.

Од Здружението за градежништво велат дека трајноста на фасадата зависи од неколку фактори.

Според градежниците секаде во светот фасадата е предмет на постојано одржување.