Македонија
1. јуни 2022 - 16:25

Се однесувал агресивно кон полицајци па пробал со „голф“ да удри во еден од нив, уапсен скопјанец

На 31.05.2022 во 18.20 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(51) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обидел со патничко возило „фолксваген голф“ да удри во еден од нив, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.