Loading Video...
Свет
25. February 2021 - 16:31

Се очекува деновиве ФДА да ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Вакцината против корона вирусот на „Џонсон и Џонсон“ е безбедна и ефикасна, соопшти американската агенција за храна и лекови. Американските регулатори соопштија дека ефективноста на вакцната која се дава во само една доза е 66,1 отсто. Џонсон и Џонсон очекува ФДА да даде зелено светло за употреба на вакцината следните денови. Моментално во САД одобрение за употреба имаат фајзеровата и вакцината на Модерна. САД нарачаа 100 милиони вакцини до крајот на јуни. Нарачки доставија и Велика Британија, Европската Унија и Канада. Истовремено, преку Ковакс системот, за посиромашните земји нарачани се 500-тини милиони дози. Вакцината на американската фармацевтска компанија  Џонсон и Џонсон ја разгледуваат и европските регулатори, кои најавија одоговор до средината на идниот месец.

Во Калифорнија е откриена нова корона мутација. Првичните истражувања покажуваат дека овој сој не само што може да е позаразен туку и да предизивка потежок тек на болеста. Научниците велат дека од таканареченета калифорниска мутација може да се заразат и лицата со примена вакцина од Фајзер или Модерна. Сојот е регистиран и во други американски сојузни држави, но е докажан и во Австралија, Данска и Мексико.

Поранешниот египетски генерал Саиф Ал Адел е новиот лидер на Ал Каеда, пишува британски Мирор. Висок британски експерт за антитероризам за весникот изјавил дека Ал Адел е полош и поопасен од Осама бин Ладен, поранешниот шеф на терористичката организација. Тој е наречен меч на одмаздата и според американски и британски разузнавачи бил вмешан во секој напад на Ал Каеда кој се случил во последните 30 години. Вашингтон веќе нуди 10, 5 милиони долари за информации за Саиф.