-->
-->
Се обиделе да продадат месо замрзнато пред 40 години
-->
Полицијата во Романија пронашла пет тони замрзнато месо пред 40 години, кое требало да се пушти на пазарот, пишува „RomaniaLibera“.
Месото е откриено во истрага за даночна измама, а требало да се продава во две продавници.
Лабораториските анализи покажале дека е замрзнато во осумдесеттите години на минатиот век, а во продажба требало да се пушти овој месец.
Според тестовите, место пред шест години било одмрзнато и после тоа повторно замрзнато, откако му е продадено на сопственикот на продавниците, бизнисменот Разван Димофтачи, пренесува Дејли Меил.
Докторот Питер Алекс кој ги правел тестовите, изјавил дека месото е сосема несоодветно за исхрана на луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени