-->
-->
Се намалува бројот на првачиња во Кичево
-->

Во последните 15 години бројот на новозапишани првачиња континуирано е во опаѓење. Така, само во последните четири години, од 408 запишани првачиња во 2015 година, годинава во нашата општина се запишаа 340 првачиња, што значи дека за само четири години бројот на првачиња е намален за три одделенија, или номинално бележиме намалување за 68 новозапишани деца. Ако продолжи иселувањето на младите од нашата општина и во наредниот период, тогаш повеќе од сигурно за десетина години оваа бројка ќе се преполови, вели Сание Садику, раководител на секторот за образование во општината Кичево.
Тој додаде дека ако во градот намалувањето и не е толку изразено, во селските училишта бројот на првачиња бележи драстичен пад.
- Нашето село е второ по големина во општината, но засиленото иселување пред сѐ на младите, придонесе бројот на првачиња и ученици во нашето училиште да се сведе на осумдесетина, додека само пред две децении оваа бројка беше десет пати поголема или во нашето училиште настава посетуваа 800 ученици, објаснува Иса Незири, претседател на месната заедница во село Србица, кој е вработен во општината.
Тој додаде дека годинава мал раст бележи само ОУ "Милто Гурра" во село Гарани од сите девет основни училишта во општина Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци
-
Преглед на вестите од светот