Се намалува бројот на нови бегалци во Германија
Бројот на баратели на азил во 2017 година во споредба со лани или 2015 година е значително намален што е пред се резултат на договорот меѓу Европската Уннија и Турција, покажува најновата анализа објавена од германското Сојузно министерство за внатрешни работи, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Од јануари до март оваа година во Германија влегле околу 47 илјади и 300 бегалци од кои најголем дел се од Сирија, Ирак и Авганистан. Во истиот период од германските власти заштита побарале околу 60 илјади мигранти што е намалување за две третини во споредба со истиот период лани. Во оваа бројка влегуваат и луѓе кои што во земјата влегле во текот на ланската година но од различни причини барањето за азил го предале во текот на 2017 година.
Во првиот квартал од годинава Германската агенција за миграција и бегалци одговорила на 222,395 барање за азил. На половината од нив им е издадена дозвола за привремен престој во земјата а само на една петина односно на 44 илјади мигранти им е даден статус на целосна заштита како бегалци.
Според германските закони, бегалците при пристигнување во земјата се регистрираат во прифатните центри каде што мораат со месеци пред да можат да поднесат барање за азил. На крајот на март според министерството за внатрешни работи околу 278 илјади луѓе чекале одговор од германските власти дали ќе добијат азил.
Причините за бавните одговори конн бегалците се дополнителните безбедносни проверки за барателите на азил кои што во земјата понекогаш се пријавуваат во лажни патни исправи, на повеќе локации а на германските власти им е потребно и повеќе време и ресурси за депортација на одбиените мигранти.
Еден од барателите на азил кој не добил заштита во Германија беше и Тунижанинот Анис Амри кој на божикниот панаѓур во Берлин во декември предизвика смрт на 12 и повреди на педесетина лица. Амри иако одбиен барател на азил со месеци успевал да ги избегне мерките на германската полиција за негова депортација во Тунис.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО