Се мијат јавните сообраќајни површини во Скопје
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје има надлежност и механизација за чистење на јавните сообраќајни површини, односно одржување на хигиената-метење, миење и празнење на корпите за отпадоци.
Директорот на „Комунална хигиена“ - Скопје Абдусамед Шабани за МИА изјави дека располагаат со осум автоцистерни за машинско миење на улиците.
- Машинското миење со автоцистерни се извршува сезонски, од 1 април до 30 октомври бидејќи во зимскиот период постои опасност од подмрзнување на улиците. „Комунална хигиена“ има надлежност машинското миење со автоцистерни да го извршува само на главните сообраќајници и булевари. Миењето се спроведува во првата и во третата смена, односно или во раните утрински или во доцните вечерни часови, кога нема голема фреквенција на пешаци и автомобили, изјави директорот Шабани.
Чистењето на јавните сообраќајни површини се врши во зависност од густината на населението, фреквенција на луѓе и моторни возила, степен на нечистотија, инфраструктурни сообраќајни услови и начинот на однесување на граѓаните во урбаната средина. За миење на улиците „Комунална хигиена“ користи техничка вода.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници