Македонија
17. November 2021 - 16:34

Се крадела ли струја во подрумот на ГТЦ за копање биткоини? Компјутерите ноќеска мистериозно исчезнаа

Лесно и исплатливо е да се копа криптовалута во Македонија , велат експерите за Сител. Во домашни услови за тоа се потребни посилни графички картички, но и голема количина електрична енергија, која во земјава е релативно евтина. Најчесто повеке компјутери се користат кога се краде струја, објаснуваат познавачите на бизнисот.

Гаранција за фиксна заработка во овој бизнис нема. Таканареченото копање многумина го споредуваат со  лотарија. За да се дојде до клучната комбинација на броеви некогаш оди брзо, а понекогаш е потребно компјутерите да работат подолго време. Оваа дигитална валута кога ке ви легне во виртулениот новчаник, може да се претврои во вистински пари во македонија. вели нашиот соговорник Николовски.

Биткоинот има променлива вредност. Во моментов таа е највисока, со 60 000 долари за биткоин. Криптовалуите се атрактивни затоа што се незвисни од светските влади банките и корпорациите, не се оданочуваат, трансакциите се трансренти а во истовреме и анонимни.  Во светот денеска со биткоини може речиси се да се купи. Така на пример, компаниите Микрософт и Дел ја прифакаат дигитална валута за дел од своите производи, а со биткоините се тргува и на онлајн пазарот. Нивниот максималлен број е ограничен, на 21 милион биткоини.