Се изјасни „осмиот патник“: Немам ништо со несреќата, по грешка сум ставен на списокот во болницата
Шади Науф ал Садех, мистериозниот патник со арапско потекло кој се најде на списокот со преживеани во болницата во Софија, вчера се јави во бугарските медиуми, велејќи дека тој нема ништо со трагичната несреќа и дека по грешка е ставен на списокот.
Ал-Садех, кој е бугарски државјанин, вели дека тој бил во болницата „Пирогов“ затоа што му била скршена раката и не знае зошто го напишале неговото име, објави БНТ.
Во саботата, тој бил примен на одделот за трауматологија во болницата со фрактура на раката.
Забуната со името на Шади ал-Салех на списокот предизвика многу шпекулации за тоа кој е мистериозниот „осми патник“ кој ја преживеал несреќата. Синот на еден од возачите на автобусот, за „Слободен печат“ вчера изјави дека го видел името на ал-Салех напишано покрај имињата на другите преживеани.
Во меѓувреме, со сведоштво за Сител се јави уште еден патник кој требало да биде во автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“, но по грешка ги ставил куферите во друг автобус на „Беса транс“ и патувал во него.
Ново на Сител
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче