Македонија
20. October 2015 - 12:03

Се истепале работници, интервенирала полицијата

Вчера околу 19,00 часот во тетовското село Боговиње, во фирмата за авто-делови сопственост на Ш.М., додека вработениот М.Д. од истото село работел поминал Ф.Т.(18) од Р.Албанија, кој го соборил сообраќајниот знак, поставен од вработените во фирмата, при што настанала расправија помеѓу нив. 

По некое време, Ф.Т. заминал во својот дом во село Пирок, од каде земал ногарка од маса и кујнски нож и се вратил во фирмата и физички го нападнал М.Д. удирајќи го со ногарката во пределот на грбот.

Од страна на сопственикот на фирмата, лицата биле раздвоени, по што Ф.Т.

Од страна на полициски службеници тој е  приведен во СВР-Тетово и против него ќе биде поднесена соодветен поднесок.