Се имплементираат новини во системот МојТермин
Некои промени се веќе изработени и се имплементираат во Национален систем за електронски евиденции во здравството МојТермин, информира денеска министерот за здравство Венко Филиче
Станува збор за моделот за финансиско и материјално работење кој се имплементира во сите јавни здравствени институции со цел во секој момент да знаат со што тие располагаат од лекови и материјали, за да не дозволат да има дефицит на едно место, а на друго едноставно поголема количина, а тие воопшто немаат увид.
Филипче посочи дека системот се надградува и со формирање модули во кои се ставаат посебните центри кои го чуваат инсулинот за да имаат електронски увид, се прават електронските регистри на пациентите со ретки болести, но и на пациентите со хронични болести.
- Очекуваме дека во следниот период, се надевам дека до крајот на годинава ќе имаме еден електронски систем кој ќе ги интегрира сите јавни здравствени институции, а ние како Министерство за здравство ќе имаме увид во секој момент со што тие институции располагаат. На тој начин, значително го намалуваме ризикот да дојде до дефицит на каков било материјал или лек во која било болница во државата, додаде Филипче при денешната посета на Детската клиника.
Ново на Сител
-
Во Прилеп приведено лице барано со потерница
-
Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу дожд во Дебар
-
На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 24 годишен возач од Свети Николе
-
Министерски состанок за Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт
-
Израелската војска соопшти дека извршила „десетици“ нови напади против Хезболах во Либан
-
Парламентарни избори во Австрија
-
Најмалку 100 луѓе го загубија животот во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати, училиштата се затворени
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено