-->
-->
Се гради улицата ,,Димитрие Туцовиќ “ во Берово
-->
Со средства во висина од еден милион и 773 илјади денари во Берово при крај е изградбата на улицата „Димитрие Туцовиќ“.
Средствата за изградба на оваа улица, како што информира градоначалникот Звонко Пекевски, се обезбедени од Буџетот на Република Македонија за 2018 година.
- Со одлука на Владата на Република Македонија, преку имплементација на Декадата и националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, доделени се средства за реализација на неколку капитални зафати во Берово. По остварените средби на министерот без ресор Аксел Ахмедовски задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија чија цел е подобрување на инфраструктурните услови во општината, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните од ромска националност како и на сите жители во Општината, рече Пекевски.
По изградбата на улицата Димитрие Туцовиќ како што информираа од одделението за урбанизам ќе следи и нејзино асфалтирање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка