Се гради патот до штипските Еврејски гробишта
Општина Штип почна со подготвителни градежни работи за асфалтирање на патот до Еврејските гробишта. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информира дека согласно потпишаниот меморандум со Еврејската заедница во Република Македонија и Амбасадата на Израел, општината има обврска да го изгради патот, а додека Еврејската заедница ќе треба да го уреди просторот околу гробиштата.
Должината на патот е околу 250 метри, а вредноста на проектот е 820.000 денари со вклучено ДДВ. Станува збор, нагласи Ристов, за проект кој е обврска на општината, согласно склучениот меморандум.
Во моментов пристапниот пат е тампониран, по што наредните денови се очекува градежна фирма и да почне со асфалтирањето. Ристов информира дека завршен е и тендерот за улицата „Тодор Чучков“, а во тек се тендерски постапки за улици во селата Врсаково, Долани и Суво Грло, средствата се обезбедени преку Агенцијата за подршка на руралниот развој.
Ново на Сител
-
ОН: Луѓето во северниот дел на Газа не добиваат речиси никаква помош повеќе од 40 дена
-
Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија
-
Кај 54 - годишник во Кисела Вода пронајдена прашкаста материја
-
„Ќе дојдам сабајле, како камион да ме згазил“, на денот на грабнувањето Палчо тврдел дека е настинат
-
Титаниум – Нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Еурофарм Пелистер очекува уште една победа против ракометарите на Фредериција
-
Трамп го номинира познатиот др.Оз да ја раководи сојузната агенција Медикер и Медикејд
-
Приведено лице на Табановце, ВИН бројот на возилото не бил ист со оној во сообраќајната