Се чисти струшкото крајбрежје во пресрет на туристичката сезона
Во пресрет на туристичката сезона, екипи на јавното претпријатие „Комунално“ интензивно работат на расчистување на градот, со посебен акцент на плажите и шеталиштата.
Теренските работници, како што информира директорот Икмет Ислами, деновиве спроведоа акција за генерално чистење на крајбрежјето и пешачката патека на потегот од Црвен Крст до Евро хотел.
-Во рамките на акцијата се вршеше машинско косењесо специјален приклучок на трактор, мучер, чистење на ивичните траки и дивата вегетација, кастрење суви и надвиснати гранки, подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите за отпадоци, како и миење на пешачката и велосипетската патека со цистерна, изјави Ислами.
Директорот на претпријатието упати апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните површини и садовите за одлагање отпад, да не фрлаат отпадоци на секаде, за како што рече, да ја зачуваме Струга, онаква како што заслужува.
-Струга, веќе го добива заслужениот изглед, од ден на ден станува се поатрактивна и за нашите граѓани и за туристите, кои ќе го посетат градот оваа летна сезона, рече Ислами.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење