-->
-->
Се чисти коритото на Зрновска и река Брегалница
-->
Механизација ангажирана од општина Зрновци ги започна активностите за чистење на речните корита на Зрновска река и на река Брегалница која минува низ атарот на општината.
- Започнавме со чистењето на долниот дел од Зрновска река во должина од два километри од излезот на селото до вливот во река Брегалница. Се сечат дрвјата и се изнесува шутот надојден во реката, со што таа целосно ке биде исчистена. Паралелено со оваие активности, работиме на чистењето и на коритото на река Брегалница во должина од 4 километри, кои останаа по пролетното чистење. За оваа намена обезбедивме 8 тони нафта од државните резерви кои и беа доделени на општината, изјави градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
Станков истакна дека паралелено со чистењето на овие две речни корита по собирањето на родот ке се пристапи и кон чистење на каналите во Зрновско, како и поправка на полските патишта, уништени од поплавите годинава.
За потребите на земјоделците од село Мортодвис ќе се изградат и два моста на Морошка река, за полесен пристап до нивите во полето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје