Се чисти каналот на Мала Рада во Кисела Вода
Општина Кисела Вода почна со чистење на каналот на реката Мала Рада. Екипи на Водостопанство Скопско поле, ангажирани од страна на општината работат на расчистување на згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани, кои можат да влијаат врз намалување на пропусната моќ на оваа река, а со тоа и нејзино излевање во сличај на обилни врнежи. Акцијата ќе трае до крајот на месецов.
Превентивното чистење на каналите во летниот и почетокот на есенскиот период е редовна активност на општина Кисела Вода, за која годишно се издвојуваat околу 4 милиони денари. Во насока на спречување на излевање на коритото при евентуални обилни врнежи и настанување на поплави, пред околу еден месец беше исчистен и каналот за отпадни води во месноста „Потстаница” (Црниот канал).
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.
Ново на Сител
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда
-
Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
-
Маск: УСАИД финансирал истражување за биолошко оружје, вклучително и Ковид-19
-
Санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Земјотрес од 4,9 степени во близина на Санторини-порака од 112 до жителите на островот
-
Сообраќајна несреќа на патот Виница - с.Смојмирово, 5 повредени и едно лице со тешки телесни повреди
-
Им давала на децата да пробаат електронска цигара, oсудителна пресуда против негувателка од Велес
-
Коцевски: Обвинителството ќе постапи професионално во случајот со Фросина Кулакова, делумно се во право граѓаните дека системот е виновен