Се бараат предлози за имиња за новите женски лавчиња во Зоолошка
Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите нови женски лавчиња. Од денеска тие ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу.
Граѓаните, како што соопштија од Зоолошката, предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на фејсбук-страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на фејсбук-страницата на Град Скопје.
Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.
По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата, како што посочуваат од Зоолошката, одлично напредуваат под будното око на вработените кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови.
– Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Се преземаат мерки за справување со мајмунските сипаници, КЗБ не очекува сериозно ширење
-
ЦУК: Нема активни пожари, 12 изгаснати во изминатото деноноќие
-
САД повикаа на создавање на демилитаризирана зона околу електраната Запорожје во Украина
-
Истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за изборите во Маврово и Ростуше, Центар Жупа, и за Совет на Тетово
-
Во Грција потврдени вкупно 48 случаи на мајмунски сипаници
-
На „Табановце“ се чека половина час, на „Богородица“ од 15 до 30 минути
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
ЦУК: Активен пожар во месноста Раштански лозја, изгаснати пет низ државата