Македонија
13. August 2024 - 16:40

Се бара интервенција од воздух

Состојбата со пожарот на Галичица од ден на ден се влошува. Два денови нема интервенција од воздух па пожарот се проширува на три фронта. Според последните информации  огнот веќе навлегува во шумата над Стење. Постојано се слушаат експлозии од гранати .Дополнително и северната линија е зафатена од огнот кој се наближува над куќата на Црвениот крст. На терен делуваат над 30 лица .

Се даваат натчовечки напори да се спречи навлегувањето во буката потенцира Јовчески од НП Галичица.Нискостеблеста вегетација е опожарена во општина Ресен, на Галичица, се шири во правец на врвот „Магаро“ кон Стење, од охридска страна.

Инаку под контрола е пожарот во општините Демир Хисар и Охрид на Илинска планина а изгаснат е  пожарот кој  зафати мешана шума во околината на село Опеница.