Се апсеа нарко дилери во тетовско - гостиварскиот крај
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово навчера во 6,30 часот извршиле претрес во домот на 21-годишниот тетовец О.Е, на улица „Александар Јовановски-Журчин“ во Тетово. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдена е марихуана, дробилка и зипер кесички. О.Е. е лишен од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.
Вечерта во 19,00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на наплатна станица од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар при извршен преглед кај лицата В.Р.(38) од с.Градец-гостиварско и Ѓ.Ф.(47) од Гостивар бил пронајден кокаин. Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
Попладнето во 13,00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на наплатна станица од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар при извршен преглед кај лицата Б.В.(41) и Т.В.(37) двајцата од Скопје бил пронајден хероин. Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите