СДСМ: Земјоделците нема да дозволат обнова на притисоците и манипулациите
ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека токму таа партија стои зад партиските собири на кои нејзини членови глумат земјоделци.
Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во недостаток од реална програма, продолжува преку партиски собири да се обидува да ја искриви реалната слика.
Како и на досегашните таканаречени протести, така и за најавениот во сабота ќе недостасуваат вистински земјоделци, бидејќи вистинските земјоделци не потпаѓаат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски.
Земјоделците се свесни за разликата меѓу партнерскиот однос со Владата предводена од СДСМ и потценувачкиот и манипулативен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон нив.
За само нешто повеќе од две години, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство ги решија сите проблеми наталожени од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Се исплатија заостанатите субвенции, финансиската поддршка се зголеми, се реши проблемот со долговите на лозарите, се инвестира во младите земјоделци и жените од руралните средини и се намалуваат трошоците за производство преку воведувањето „зелена нафта“.
ВМРО-ДПМНЕ е навиканто да лаже и манипулира и тоа го прави и денес како опозиција. Затоа загуби на претходните избори и затоа ќе загуби и на предвремените избори на 12 април.
Граѓаните нема да дозволат обнова на манипулациите и пристисоците врз земјоделците, граѓаните ќе дадат поддршка на политиките што го носат земјоделството на прав пат.
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа