СДСМ: Заврши времето на злоупотреби и притисоци врз администрацијата
СДСМ во реакција на денешната прес-конференција на Невенка Стаменковска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ порачува дека завршило времето на злоупотреби и притисоци врз администрацијата и потенцира оти реформите обезбедуваат професионални институции.
- Партизацијата, злоупотребата, уцените и притисокот врз вработените во администрацијата беше една од главните одлики на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да бидат сервис на граѓаните, преку масовната партизација и злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ, институциите се претворија во сервис за исполнување на желбите на Груевски и соработниците. Заврши времето на злоупотреби и притисоци врз институциите од страна на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата.
Според СДСМ, почнатиот реформски процес на ослободување на партизираните и заробени институции обезбедува независни и професионални државни институции што работат во интерес на граѓаните.
- Никогаш повеќе нема да се повтори институциите да им служат на партиите, наместо на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. По промените на локалните избори, таквиот процес на ослободување ќе продолжи и на локално ниво по што ќе следува професионализација и на инстуциите во рамки на локалната власт, наведува СДСМ.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хиругија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос
-
Економски форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“
-
Трета меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Без субвенции од општината, јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ