СДСМ: Заврши времето на заштита на криминалците
Заврши времето на заштита на криминалите, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да ја вршат својата работа согласно законите. Денес надлежните институции работат независно, професионално во интерес на сите граѓани и во заштита на законите и владеењето на правото.
Злоупотребата на државните институции за политички прогон на неистомислениците на Никола Груевски беше одлика на 11 годишното криминално владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се обидува да изврши притисок врз институциите коишто постапуваат законски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните непречено да ја вршат својата работа и да спроведат целосна истрага, за во законска постапка да се покаже дали Сокол Митровски направил кривично дело и каква одговорност треба да понесе.
Едно е јасно, времето на селектвиност, протекционизам и заштита на криминалите заврши. Секој оној за кој ќе се докаже дека направил какво било кривично дело ќе мора да се соочи со одговорност пред законот, без разлика на неговата етничка, верска, национална, партиска или каква било друга припадност.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители