СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави притисоци врз судството за да ја опструира правдата
ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години го контролираше судството не може да се помири со тоа што денес правосудните органи работат независно и професионално ослободени од политички и лични притисоци.
Затоа оваа партија деновиве врши притисоци врз судството, јавно дава директиви како да работат и одлучуваат правосудните институции во предмети во кои самите се инволвирани како партија.
Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека заврши времето кога политички партии вршеа притисоци, создаваа свои инсталации во судовите и обвинителствата, и нарачуваа предмети и пресуди. Тоа време заврши со падот на режимот.
Реформите што Владата, институциите ги спроведоа резултираа со силна, ефикасна и независна правна држава, каде никој, а најмалку политичка партија може да врши притисоци и злоупотреби.
Но, очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од режимската матрица во која е заглавена со години, не може да се помири со независно владеење на правото, па затоа очајно се обидува преку нарачки и притисоци да се меша во работата на правосудството.
Со ова се потврдува дека Мицкоски останува единствен на браникот на криминалот на својата партија и затоа го чека уште еден пораз од граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами