СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заробено во сопствената политика на тајност
ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски остануваат заробени во сопствената политика на затвореност, тајност, манипулација и лажење на граѓаните, наведува СДСМ во пишана реакција на денешната прес-конференција на Вељаноски на која најави дека ВМРО-ДПМНЕ бара увид во содржината на договорот што треба да се потпише со Бугарија.
- ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и се договараше за промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот „Вистината за Македонија“. Преку постојани блокади на демократските реформи и евро-атлантските интеграциски процеси, ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше против државните и национални интереси. За разлика од тајните преговори што ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со соседите, Владата предводена од СДСМ е максимално транспарентна и секоја политика, секој нејзин потег е и ќе биде на увид на граѓаните, се вели во реакцијата од СДСМ.
Се додава дека се што прави новата Влада предводена од СДСМ на домашен и меѓународен план, е во интерес на надминување на отворените прашања и подобра иднина за државата и граѓаните, во интерес на евро-атлантските перспективи и добрососедските односи, и во целосна заштита на државните и националните интереси.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра