СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно шири лажни вести и шпекулации во обид да му наштети на образовниот процес
ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години свесно и намерно го урнисуваше образованието денес како опозиција шири лажни вести и измислици со цел да ги дискредитира реформите кои го унапредуваат образовниот систем.
Класична лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ е дека десет отсто од учениците во новата учебна година ќе останеле без учебници.
Ниту еден ученик нема да остане без учебник, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ во обид да внесе немир кај родителите и учениците.
Како што јавно објави Министерството за образование и наука од наредната учебна година ќе се применува комбиниран начин на учење, односно за учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, додека за учениците од четврто и погорните одделенија се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција.
Во случај некој ученик да има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетува настава има обврска тоа да го обезбеди, а истовремено, секое училиште ќе има обврска да ги обезбеди потребната количина ИТ уреди.
ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да обвинува за дискриминација и социјална поделба на ученици, токму партијата, која со години ги дискриминираше учениците и наставниот кадар и системски го уништуваше образованието.
Преку новиот Закон за учебници се елиминираат нелогичностите во содржините кои ВМРО-ДПМНЕ со децении ги дозволуваше и така уништуваше генерации на ученици.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што денес образованието се модернизира, се адаптира на новите можности, па затоа постојано шири лажни вести и шпекулации околу образованието.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари