СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ континуирано се обидуваат нешто да блокираат
ВМРО-ДПМНЕ и Николовски продолжуваат со лаги, кои служат само за да ја зачуваат фотелјата на Мицкоски
Граѓаните јасно и порачаа на губитничката ВМРО-ДПМНЕ на шест изборни соочувања во последните четири години, дека не сакаат криминалци, дека се против заштитниците на криминалот, сместени во белиот дворец, симболот на корупцијата.
Јасно кажаа дека се против блокатори. Доволно им е од сите опструкции, кочења и сопки на се што е добро во државата, обиди за гушење на секој напредок, грчевито влечење на државата надолу, назад кон мрачното минато, кон режим.
ВМРО-ДПМНЕ, континуирано се обидуваат нешто да блокираат, ја блокираат изградба на нов клинички центар, ја блокираат работата на собранието, во време на пандемија го поткопуваат здравствениот систем, собираат потписи против пописот, работеа против членството на државата во НАТО.
Никој нема доверба во лицемерната ВМРО-ДПМНЕ која од студија финансирана од ЕУ е прогласена за фејкњуз партија, ниту во Мицкоски, кој ја доведе најбогата партија во Европа во стечај.
Граѓаните се против режимската матрица, деструктивната и неодговорна политика на ВМРО-ДПМНЕ, на Мицкоски, Милошоски, Николовски, кои работат на штета на интересите на државата.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена