СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат став за клучните прашања, СДСМ и граѓаните обезбедуваат иднина
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат став за клучните прашања, СДСМ и граѓаните обезбедуваат иднина и членство на Македонија во ЕУ и НАТО
Освен што се посветени на барањето амнестија за криминалот на нивната партија и поранешното раководство, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат став за клучните прашања од врвен национален интерес за граѓаните и за Македонија.
Сега, кога Македонија има вистинска, историска шанса за напредок, за членство во НАТО и ЕУ со зајакнат македонски идентитет, само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, се уште не соопштуваат за што се.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат за што се, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал и изолација.
СДСМ заедно со сите политички субјекти и прогресивни сили кои се на страната на иднината, на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможи волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана.
На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина.
Ново на Сител
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева