СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го урниса образованието
Според официјалните информации, претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година не издвоила ниту еден денар за изградба на нова зграда на ФИНКИ иако во Буџетот биле предвидени 96 милиони денари, а во 2016 година, првично предвидените 250 милиони денари биле скратени на 99 милиони. Предвидените средства за 2017 се многу повеќе од она што било спроведено во 2015 и 2016 година, соопшти СДСМ во реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија денеска обвини дека новата Влада со ребалансот на буџетот крати 75 милиони денари од парите наменети за изградба на новата зграда за ФИНКИ.
Според СДСМ, паушални се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот подмладок и, како што наведува, тие се „само очајнички обид да се прикријат штетите што оваа партија и ги нанесе на Република Македонија и нејзините граѓани“.
- Наместо да изнесува неосновани обвинувања со кои сака да им се додовори на студентите, младината на ВМРО-ДПМНЕ треба да бара одговорност од поранешните владини функционери од ВМРО-ДПМНЕ за сето она што им го направија на учениците, студентите и наставниците. ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше студентите и го урниса образованието, новата Влада спроведува реформи што носат квалитет, пишува во соопштението на СДСМ.
Ново на Сител
-
Погребна фирма во САД проневерила државна помош - не ги погребувала и кремирала телата
-
Да ѝ помогнеме на Моника Бојковска да оздрави
-
Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала
-
Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик
-
Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“
-
Градоначалник на скопска општина доби кривична за прекршување на Законот за заштита на деца
-
Грејната сезона продолжува поради временските услови
-
Османи: За предметот „Пациент“ на СЈО немаше обвинение, мојот противкандидат нема идеи во оваа изборна кампања