СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против масовна имунизација и новите мерки за заштита
Единствената цел на новите мерки и масовната вакцинација е заштита на здравјето на граѓаните и колективното здравје откако новиот сој на корона вирусот почна забрзано да се шири.
Мерките кои веќе се применуваат во многу други земји ширум светот, не прават поделби меѓу граѓаните, туку го заштитуваат нивното и колективното здравје.
Личното право во ниеден случај не може да биде над правото на заштита на здравјето на сите граѓани.
Медицинскиот пироман Христијан Мицкоски, наместо да повика на почитување на постоечките мерки за заштита и масовна вакцинација, повторно е на страната на корона вирусот.
Од стартот на пандемијата, Мицкоски презема нечесни чекори за да го поткопа системот, за да поттикне непочитување на мерките и да ги одврати луѓето од масовната имунизација.
Ваквото однесување на пироманот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на здравствениот систем и претставува опасност по здравјето на граѓаните.
Граѓаните го казнија ова некрофилско и пироманско делување на Мицкоски и тоа ќе го сторат одново на претстојните локални избори.
Испраќаме апел до граѓаните да ги почитуваат новите мерки и да се вакцинираат. Повеќе вакцинирани, значат помалку хоспитализирани и помалку рестрикции, значат заштита на колективното здравје.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите