СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ дури и во опозиција се соочува со притисокот од народот
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде притиснато и гласно да му се реагира. И резултатот е на повидок. Откако ќе ги повлечат аманмданите, ќе се свика Комисијата за финансирање и буџет за законите поврзани со економските мерки.
Добро е што притисокот од јавноста, кончено вроди со плод и што конечно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија повлекување на амандманите поднесени за Законот за државјанство, а коалицијата Алтернатива и Алијанса најави повлекување на амандманите на законите за економските мерки.
Повлекувањето на амандманите на Законот за државјанство ги потврдува информациите дека постоел договор помеѓу АА и ВМРО- ДПМНЕ затоа што крајно симптоматично како сега ВМРО-ДПМНЕ одеднаш на ист текст на Законот немаат забелешки.
Доколку навистина имаат намера да ги повлечат амандманите, нека го сторат тоа, а потоа да се свика Комисијата за финансирање која ја претседаваат пратеници на ВМРО ДПМНЕ, законските решенија да поминат на Комисија и потоа да се закаже и пленарна седница.
Согласно деловникот закажување на седница и менаџирање на истата е во делокруг на работа на претседателот на собранието Талат Џафери.
Ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ за нивната неодговорност и несериозност пред граѓаните. Ако тие навистина беа подготвени за поддршка на граѓаните и компаниите немаше да ја напуштат седницата кога се носеше Буџетот за 2021 година.
Во тој момент нивната цел беше да има времено финансирање во државата а со тоа да нема поддршка за граѓаните и компаниите.
Сите пратеници имаат одговорност пред граѓаните, сите пратеници мора да ги тргнат настрана дневнополитичките интереси и да работат за граѓаните, преку усвојување на законски решенија кои обезбедуваат помош и поддршка за граѓаните и стопанството во справување со последиците од коронакризата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња