СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири страв, Стратегијата за бегалците е продолжение на донесената во 2008 година
СДСМ соопшти дека во недостиг од идеи ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги со цел да создаде страв и вознемиреност меѓу граѓаните.
Со тенденциозното ширење на лажни вести за наводно трајно населување на десетици илјади мигранти и нивно вработување, посочуваат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да ги сокрие последиците од 11-годишното криминално владеење на централно и локално ниво.
- Граѓаните да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци, а со усвојувањето на Стратегијата се почитуваат меѓународните стандарди и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година што Македонија ја има ратификувано. Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 со која што денес ВМРО-ДПМНЕ ги плаши граѓаните е само продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009–2015 година, донесена од тогашната Влада предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека станува збор за документ што служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција.
- Граѓаните ги препознаваат манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа избраа нова Влада предводена од СДСМ и реформи што носат живот за сите. Токму поради политиките на продуцирање поделби, насилство и конфликти, ВМРО-ДПМНЕ загуби на парламентарните избори и ќе загуби и на претстојните локални избори, по што општините ќе добијат нови, одговорни и чесни локални власти предводени од СДСМ и коалицијата што ќе работат во интерес на граѓаните, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
-
Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи
-
Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици