СДСМ: Успешните економски политики резултираат со историски најниско ниво на невработеност од 16 отсто
Економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, економијата излегува од кризата витална, развојна, динамична.
Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 досега е зголемена за над 6.000 денари.
Денес, стапката на невработеност е на историско најниско ниво од 16 отсто.
Одговорните економски политики, новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали до крајот на годината.
Последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското производство од 9,5 отсто. Во периодот јануари-јуни извозот на стоки е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто.
Дополнителна потврда за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата во 2021 година ќе излезе од кризата и ќе бележи раст на БДП од 3,7 отсто.
Од исклучително значење е задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коронакризата, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата.
СДСМ како одговорна партија ќе продолжиме со економски политики кои обезбедуваат раст и развој на стопанството, но и подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ - 04 пријавите, динамиката забавена
-
Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбеднa храна
-
Евакуиран аеродромот во Сараево, откажани сите летови
-
Автомобил прегази 77-годишна жена во кумановско, која починала во болница
-
Путин: Русија е подготвена на разумни компромиси за решавање на украинското прашање, но нема суштински преговори
-
Кривична пријава поради несовесно работење во службата
-
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло