Македонија
4. September 2017 - 10:10

СДСМ: Учебната година започнува без притисок од екстерното тестирање

СДСМ денеска соопшти дека учениците од основното и средното образование прв пат по неколку години ќе ја започнат учебната година ослободени од стресот што го создавало екстерното тестирање со што ќе станат попосветени и помотивирани во наставниот процес.

- Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во образованието што зад себе ги остави криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа, а ќе се ревидираат и сите спорни учебници, се наведува во соопштението.

Од СДСМ истакнуваат дека Владата и парламентарното мнозинство активно работат на унапредување на образованието и оти преку ребалансот на Буџетот обезбедени се дополнителни 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини и нови 35 милиони денари за студентски стандард.

- Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да работат на спроведување на зацртаните мерки во образованието што го унапредуваат образовниот систем и се во интерес на учениците, настаниците и професорите, вели СДСМ.