СДСМ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
Рушењето на Галијата изведено согласно сите правни услови е чистење на остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе го остави во главниот град по 27 години владеење.
Се понервозни се во ВМРО-ДПМНЕ онака како што наближуваат изборите. Знаат дека се се поблиску до нов изборен пораз па затоа секојдневно ги засилуваат лажните вести, конструкциите и празните закани кон градоначалникот Петре Шилегов.
ВМРО-ДПМНЕ го запусти Скопје трошејќи стотици милиони евра на барок, гипс фасади, галии, споменици и палми додека цели населби беа без основни услови за живот.
Денес во Град Скопје се инвестира рамномерно, се следат и реализираат потребите и барањата на граѓаните. Затоа Шилегов и СДСМ се убедливи фаворити и извесни победници на локалните избори.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата