СДСМ: Со недели ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз обвинителството и судството, но заврши времето кога од белиот дворец кажуваа како да се водат истраги
Во ВМРО-ДПМНЕ, буквално ништо не се менува, партијата се уште работи по инструкции од Будимпешта. Груевизмот зрачи.
Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се послушници на почесниот претседател во бегство Никола Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал, веќе и јавно кажува дека сака да биде контролор на обвинителството.
Со недели ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен притисок врз судството и обвинителството. Им кажува што и како да прават, најавува контрола врз нив и најавува документи од истраги и ја загрозува постапката за „Рекет“.
За ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неселективната правда и еднаквоста пред законите се непознати поими, затоа свесно и намерно се обидуваат да попречат правдата за да ги заштитат огромниот број криминали направени за време на нивното владеење.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ стои на страната на правото, неселективноста пред законите и правичен судски систем.
Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да заштити и заташка криминали, СДСМ се бори правдата да победи и секој што направил прекршување на законите да одговора.
Паниката на Мицкоски е разбирлива, бидејќи нема да ја оствари неговата единствена мисија и ќе го разочара неговиот шеф во Будимпешта, Мицкоски нема да ги заштити неговите криминали.
Заврши времето кога истрагите, пресудите се нарачуваа од белиот дворец. Денес, Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар