Македонија
3. December 2020 - 12:09

СДСМ: Со лажните вести што ги пласираат хистеричниот Мицкоски и ДПМНЕ работат против својата земја

Со хистеријата од лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сакаат да ги срушат државните позиции. Тие се единствените што одработуваат за странски интереси и опасност за македонскиот народ.

Се што излегува од белиот дворец под стечај е невистина и измислица. Исто како и соопштението во кое центарот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Македонија. Тоа е ноторна лага, во целост ја демантираме.

Напротив, Република Македонија има јасна, силна и широка меѓународна поддршка и помош од своите пријатели и сојузници. Еден од последните докази за тоа е и писмото од заменик помошникот државен секретар на САД Филип Рикер.

ВМРО-ДПМНЕ е посветено само на лаги, деструкција и дејствување спротивно на интересите на граѓаните.
Нивните блокади на важни закони за граѓаните во Собрание, обиди да се блокира се што е во интерес на државата е потврда дека нивниот однос кон македонскиот народ е непријателски.

Затоа немаат доверба од граѓаните, затоа се во опозиција.