Македонија
7. September 2023 - 10:27

СДСМ: Со измените во КЗ обезбедивме проширена конфискација, оружје против криминалот и корупцијата

Проширената конфиксација, која е обезбедена со измените на Кривичниот законик е оружје во борбата против криминалот, особено со организираниот криминал и корупцијата.

Измената на членот 98-а од Кривичниот законик создава законска можност за поголема примена на мерката конфискација од страна на судиите преку проширување на опфатот на кривични дела за кои ќе може да се применува проширена конфискација.

Ова значи и зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалитетот, што е особено значајно.

Измената на Кривичниот законик е и во насока на хармонизација со европското законодавство, бидејќи со неа се постигнува потполна усогласеност со Директивата 2014/42/ЕУ замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист остварени со казниви дела во Европската Унија.

 

Центар за комуникации на СДСМ