СДСМ: Системот функционира, државата е тука за граѓаните
СДСМ со загриженост го следи развојот на настаните со пожарите кои зафатија голем дел од територијата на државата. Станува збор за катастрофа од големи размери, во која за жал има и човечки жртви, предизвикана е голема материјална штета и сериозно нарушување на природните ресурси.
Во вакви сложени услови ја искажуваме нашата поддршка на сите надлежни институции на централно и локално ниво кои се справуваат со пожарите.
Системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта. Обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош ќе успееме полесно да се справиме со овој предизвик.
Кризната состојба ќе им овозможи на институциите на посоодветен начин да ги планираат и спроведуваат активностите и ќе овозможи активирање на сите капцитети со кои во моментов располага Република Македонија.
Апелираме до сите политички партии во овие моменти да покажат сериозно ниво на одговорност, да се воздржат од сензационалистички настапи, неодговорно пласирање конструкции и да ги поддржат институциите и ангажираните луѓе кои се справуваат со пожарите.
МВР веќе ја информираше јавноста за лица против кои се водат постапки за можно подметнување на пожар, ги поттикнуваме сите надлежни институции – пред се јавниот обвинител, да поведат истраги и да се утврди евентуалната одговорност.
Оваа криза покажа дека имаме систем и дека како држава уживаме меѓународен углед, имаме пријатели и во регионот и во Европа.
Благодариме за секоја подадена рака, на мака се познаваат пријателите.
Граѓаните знаат дека институциите, припадниците на полицијата, на армијата, а пред се на противпожарната служба, прават натчовечки напори да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик.
Благодарни сме на големиот број граѓани кои се одзваа на повикот за помош и поддршка во гаснењето на пожарите и апелираме до секој поединец за внимателен однос и строго почитување на забраната за движење во шумите. Да ја сочуваме државата, да ги сочуваме ресурсите за чие обновување ќе биде потребно долго време. Солидарно, сите заедно да помогнеме за полесно справување со пожарите и отстранување на последиците.
Уште еднаш се покажа дека луѓето се најсилниот капитал на секое општество. Како што лекарите изминатите 18 месеци се борат за нашите животи, така сега пожарникарите, полицајците, војниците, но и граѓаните доброволци, се борат за нашите животи, за нашите шуми, за нашиот имот и за нашите природни ресурси. Им благодариме!
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово