СДСМ: Расте бројот на работници во индустријата, невработеноста опаѓа
По растот на индустриското производство, уште еден економски показател ја потврдува успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работници во индустријата во декември 2018 е зголемен за 2,5 отсто во споредба со декември 2017 година.
На годишно ниво бројот на работници во индустријата во 2018 е зголемен за 5,9 отсто во однос на 2017 година.
Успешните економски политики, реализираните мерки како и зголемената поддршка кон домашните компании придонесоа за намалување на невработеноста на 20,8 отсто.
Со влезот во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ овие параматри дополнително ќе се интензивираат, со интенција невработеноста да опадне на историски минимум под 20 отсто.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за обезбедување нови работни места, зголемени инвестиции, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите