СДСМ: Растат платите и пензиите, имаме најголемо зголемување досега
СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните. И во време на светска криза, растат платите и пензиите.
Со одговорните мерки и политики на СДСМ, платите и пензиите имаат најголемо зголемување досега.
Од овој месец минималната плата се зголемува на 20.175 денари, односно за над 2.000 денари повеќе во однос на досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.
Од 2017 година минималната плата се искачи од 8.800 на 20.175 денари. Тоа е зголемување за 11.375 денари.
Согласно новата методологија пензиите од месец март се зголемуваат за 8,4 отсто, што е историски највисок раст.
Просечната пензија се зголемува за околу 1.500 денари на 19.150 денари.
Истовремено просечната плата постојано расте и сега изнесува 34.364 денари.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат стандардот на граѓаните, грижата за сите продолжува.
Ново на Сител
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година