СДСМ: Премногу е Мицкоски, дома да глумиш патриот а надвор да ги поткопуваш државните позиции
Христијан Мицкоси се грижи единствено за личниот и партискиот интерес дури и кога државата се справува со последиците од светската економска криза, дури и кога е во важен период за евроинтеграциите.
Тоа е навистина премногу неодговорно.
Премногу е Мицкоси, да глумиш патриот дома а надвор на Конгрес на ЕПП премолчено да поддржуваш Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија.
Премногу е да се криеш од ова прашање и да не дадеш одговор.
Премногу е Мицкоски, во време на најголема светска економска криза да ја блокираш работата на Собранието, да кочите закони на штета на граѓаните.
Премногу е Мицкоски, по секоја цена да го браниш криминалот на твојата ВМРО-ДПМНЕ.
Премногу е Мицкоски, во време на најголема светска економска криза твоите градоначалници да трошат милиони евра за партиски вработувања и аздисување и да не одвојат ниту денар за помош на граѓаните.
На граѓаните им е премногу од деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Претседателката на албанското собрание во Скопје - средби со Гаши, Ахмети и Филипче
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го деблокира Законот за бранителите
-
Прва средба Муцунски и Герапретритис – Силјановска Давкова од Самитот на ООН бара реформи во организацијата
-
Микродржава по теркот на Ватикан ќе формира албанскиот претседател Еди Рама
-
Од утре се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи
-
СОНК бара зголемување на платите веднаш, во спротивно излегуваат на улица
-
Боди камери за искоренување на корупцијата кај царинските службеници
-
Национален совет за развој