СДСМ: Почнува реализација на историска инвестиција, 110 километри автопат
Владата предводена од СДСМ започнува со реализација на историска инвестиција во изградба на современа патна инфраструктура во државата.
Започнува изградба на 110 километри автопат на Коридорот 8 и Коридорот 10Д, како еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, во вредност од 1,3 милијарди евра.
Овој проект опфаќа изградба на делницата Тетово- Гостивар во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, Требениште – Струга – Ќафасан од 22 километри, како и автопатот Прилеп – Битола во должина од речиси 40 километри.
Изградбата на автопатските делници придонесува за регионално поврзување на нашата земја, која станува уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута, раскрсница на Балканот, со излез на три пристаништа.
Квалитетните патишта го олеснуваат животот, ги зближуваат граѓаните и поволно влијаат врз развојот на сообраќајот, трговијата, еконoмијата.
СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, компаниите, целата економија.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени