СДСМ: Пакетот економски мерки позитивно оценет и од ММФ
Со цел за поефикасно справување со последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот се реализира големиот пакет првични економски мерки вредни 200 милиони евра.
Со усвоените мерки што веќе се реализираат, државата спасува 250.000 работни места и помага на над 35.000 компании.
Мерките ќе помогнат сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник да добие од државата по 14.500 денари, плата за месеците април и мај.
Оваа мерка значи поддршка на секој работник, но значи поддршка и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници, уметниците…
Управители и сопственици на бизнисите вработени во фирмите исто така ќе можат да ја користат оваа мерка.
Економските политики што ги спроведе Владата предводена од СДСМ ја задржа довербата на меѓународните финансиски институции во нашата економија.
Мерките што се спроведуваат се добро оценети од страна на ММФ и затоа поддршката од 176 милиони евра е двојно поголема од првично предвидените.
Владата, институциите продолжуваат со реализација на економски мерки и политики кои обезбедуваат задржување на работните места и сигурни приходи за сите вработени се до надминување на кризата од коронавирусот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување