СДСМ оди на избори на 16 март
СДСМ ги распиша внатрепартиските избори за избор на партиски претседател. На вчерашната седница највисокото партиско тело, Централниот одбор одлучило, изборите да се одржат на 16 март а во меѓувреме да почнат сите предизборни процеси. СДСМ согласно својот партиски статут Претседателот го избира на директни избори при што право на глас имаат сите со важечка членска книшка.
Како што информираат од СДСМ, Централниот одбор констатирал дека политиките на актуелната власт се погрешни што довело до влошување на животниот стандард.
- Граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока – се вели во соопштението на опозициската партија.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово