СДСМ: Одговорноста за скандалот со медицинскиот отпад е во ВМРО-ДПМНЕ
Ниту една празна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие вистината дека фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани.
Ниту Министерството за одбрана е на Радмила Шекеринска, ниту Министерството за здравство е на Венко Филипче па тие лично да даваат тендери некому. Тоа беше пракса во време на владеењето на Груевски, па очигледно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ така го учеле.
Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извершител Христијан Мицкоски.
Директорот на Еко клуб е кадар на Греувски, директорот на Дрисла кој примал несоодтветно третиран опасен отпад бил Горан Ангелов исто кадар на груевски и некогашен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.
Оваа мрежа составена од лица од ВМРО-ДПМНЕ со години свесно и заради профит ги труеле граѓаните и ја загрозувале животната средина.
Затоа извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и раководството во белиот дворец очајно се обидуваат да го заташкаат случајот откако се потврди дека токму ВМРО-ДПМНЕ е најодговорна за овој скандал.
Ново на Сител
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот