Македонија
8. јуни 2017 - 17:51

СДСМ: Одговорност за сите злоупотреби ќе има

СДСМ во денешното соопштение наведува дека правна одговорност ќе има за сите злоупотреби направени преку институциите на системот и за сите злоупотреби направени со пари на граѓаните.

- Скандалозното непостапување на Марко Зврлевски кој ја зароби правната држава се покажа на дело со извештајот на ОЛАФ, Европската агенција за борба против корупцијата, по што е покренато обвинение против фирмата Актор за перење пари и проневера при изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека уште во 2014 година објавиле оти постои сериозен сомнеж за криминални активности поврзани токму со изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица.

- Скоро три години не постои никаква правна разрешница на овој случај во Македонија токму поради блокираните институции и непостапувањето на Марко Зврлевски, велат од СДСМ.