СДСМ: Нова бетонизација во Лисиче во режија на ВМРО-ДПМНЕ
Кога ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт, тоа значи игнорирање на потребите на граѓаните и уназадување на општините, бетонизација и сомнителни урбанистички планови.
Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски во Лисиче запишаа и пет катастарски парцели, на кои дозволуваат да никнат десетина висококатници.
Парцелите во Лисиче со површина од над 1000 метри квардатни, биле купени од инвеститори, како ниви, пред носењето на урбанистичкиот план.
Сомневања за корупција отвораат прашањата како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за згради високи и до 10 ката, како знаеле дека општината ќе одобри градежен бум, на ниви, во дел каде што има куќи.
Граѓаните се разочарани, реагираат поради носењето на планот речиси зад нивниот грб и бараат одговори зошто во Лисиче, каде аерозагаденоста континуирано урива рекорди, ВМРО-ДПМНЕ дозволува да никне висок бетонски појас згради.
Наместо поквалитетни услови за живот, зеленило и мега паркови, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ добиваат бетонизација и загадување.
Градоначалникот Муцунски и локлната власт на ВМРО-ДПМНЕ ја изигра довербата на граѓаните.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Семејството кое загина во хеликоптерската несреќа во Њу Џерси славело роденден на ќерката
-
Мицкоски во посета на Граничниот премин Блаце – започнува со работа системот „One Stop Shop“
-
Аргентина ја напушта контролата врз валутата откако обезбеди нов кредит од ММФ
-
Променливо облачно со повремен дожд и ветер
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора