СДСМ нема да учествува во Собранието, додека Уставен не се изјасни за СЈО
СДСМ денеска побара Уставниот суд веднаш да се изјасни за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство, а дотогаш нивните пратеници нема да учествуваат во работата на Собранието.
- Сите политички партии треба да докажат дека навистина ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство. Парламентарните партии својата вистинска поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство ќе ја докажат доколку и тие не учествуваат во работата на Собранието. Тоа се однесува и за независните пратеници, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој оцени дека вчерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов е обид да се наруши угледот, статусот и правната поставеност на СЈО.
Според Заев, политичката криза треба што побрзо да заврши, а излезот од неа е можен само преку владеење на правото и исполнување на условите за слободни, фер, демократски и кредибилни избори.
Заев повтори дека потребно е прочистување на избирачкиот список, реформи во медиумите и формирање влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и кредибилни избори.
- Прогонот на граѓаните коишто протестираат мора да прекине. Истовремено истакнуваме дека опозицијата се согласува граѓаните да бидат активно вклучени во преговарачкиот процес, рече Заев.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование